Пациенти со Ковид кои имаат потреба од респираторна подршка не се примаат на Инфективна, бидејќи во моментот не работи одделот за интензивна нега. Овие информации преку писмено соопштение ги објави СДСМ.
,,Според извештај до кој дојде СДСМ, директорот Фадил Цана информирал до Мој Термин дека не работи интензивната нега. Прашуваме дали ова значи дека ако има потреба од респиратор за било кој пациент, истиот нема каде да биде примен? Дали можеби пациенти со ваква здравствена состојба се примаат на Карил? Доколку е тоа случај, тогаш се ставаат пациентите на Карил во огромен ризик, прашуваат од опозициската партија и констатираат дека доволно е само еден пациент да не е примен, а е во тешка состојба со Ковид и може да почине”.
Директорот на Клиниката Фадил Цана ги отфрла обвинувањата и тврди дека такви пациенти немале, а клин иката иако темелно се реконструирала и работеле со редуцирани можности обезбедувале неопходна здравствена заштита за сите кои имаат потреба за тоа.
Апсолутно се неточни обвинувањата дури и смешни, јас не знам дека има таков пациент во 2024 година со Ковид 19 кој имал потреба од респираторна подршка, вели д-р Фадил Цана, директор ан Клиниката за инфективни болести.
Од КАРИЛ исто така информираат дека кај нив не е примен ниту еден пациент за на респиратор со основно заболување Ковид, ниту се доведени во ризик останатите болни на интензивна.