Мицкоски нема резултати зад себе, па затоа денес ќе создаде нов политички театар, обвинува денес од СДСМ.
„Стариот кабинет со нов распоред, односно козметичка промена на местата во истата криминална структура. Некои министри се селат, некои нови имиња доаѓаат, но главните ресори и главниот центар на моќ остануваат во истите раце, на Христијан Мицкоски.“
Кога економијата стагнира, кога граѓаните живеат сè потешко, кога цените растат, кога европскиот пат е блокиран и Владата нема одговор за ниту еден фундаментален проблем, Мицкоски се обидува да го одвлече вниманието од својот неуспех со реконструкција.
Оваа реконструкција не ги менува политиките, не ги исправа грешките и не презема одговорност. Само местата се менуваат, додека истите луѓе продолжуваат да владеат со земјата.
Реконструкцијата сама по себе е признание дека Владата не испорачала резултати.
Граѓаните нема да добијат повисоки плати, пониски цени, подобро здравство, подобро образование или побрз европски пат. Тие ќе добијат само уште поголема концентрација на моќ во рацете на Мицкоски и продолжување на истите погрешни криминални политики.
Внатрешните работи, одбраната, финансиите, надворешните работи, образованието, остануваат во истите раце.
„Тие едноставно поместуваат столчиња за да создадат впечаток дека нешто се менува“, велат од СДСМ.
The post СДСМ: Реконструкцијата е признание дека Владата не испорачала резултати appeared first on Во Центар.



