четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДСМ се изјасни-нема да учествува на утрешната средба организирана од Левица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Социјалдемократскиот сојуз вечерва преку соопштение информира дека нема да учествува на координативната средба на опозициските партии за Изборниот законик што за утре ја најавува политичката партија Левица.
            – Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра. Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски? Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата кога сака? Дали ние треба да ја играме неговата игра и да му правиме театар за јавноста?, прашуваат од СДСМ.
Велат дека нивните предлози се јасни и гарантираат фер и транспарентни избори и спречуваат можност за изборна кражба.
– Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората. Тој е оној кој сака да го наметне својот модел на изборна манипулација. СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби на Мицкоски. Нема да се собираме за да му правиме услуга во неговата кампања за предвремени избори. Единственото што Мицкоски треба да го направи е да се откаже од законот со кој сака да ги намести изборите и да ја украде волјата на граѓаните, велат од СДСМ.

Поврзани вести