„Северина има убиствен инстинкт, агресивна е и луда“: На пејачката ѝ се заканува казна затвор, сестрата ја обвинува за обид за убиство

Сестрата на Северина, Маријана, пред Жупанискиот кривичен суд во Сплит изјави дека нема никакви чувства кон пејачката која во август ја нападна со остар предмет и рече дека ќе ја гони до крај.


Против Северина Вучковиќ ќе биде поведена судска постапка по кривичната пријава на нејзината сестра Маријана Вучковиќ, бидејќи обидот за посредување и помирување пропадна.

Сестрата на пејачката, која во август беше физички нападната од Северина, беше сослушана во петокот пред Жупанискиот кривичен суд во Сплит, а кога судијата ја праша дали знае дека на Северина и се заканува тригодишна затворска казна и дали има чувства кон неа, таа одговори дека по се што доживеала од неа, ништо не чувствува и дека не се откажува од кривично гонење.
Пред судот во петокот се одржа рочиштето по кривичната пријава на Маријана против сестрата Северина. Маријана пред судот изјави дека повеќе нема никакви емоции кон Северина по тепачката што ја преживеа летово и по тоа што ја киднапираше ќерка си – открива извор близок до семејството Вучковиќ и понатаму наведува:

Северина не се појавила бидејќи наводно добила корона, шести пат во последните три години. Со оглед на тоа што не беше постигнато помирување како дел од обидот за посредување, кога Маријана ја даде ваквата изјава, нема враќање назад и сега на Северина ќе и се суди.
За потсетување, на крајот на август и хрватските и српските медиуми објавија дека Северина прво се скарала, а потоа се степала со нејзината сестра Маријана, која по инцидентот потврдила дека пејачката ја нападнала во стан во Сплит, пред нивната мајка Ана. Таа тогаш рекла дека Северина се обидела да ја убие бидејќи ја нападнала со остар предмет.

„Северина има убиствен инстинкт, агресивна е и луда“: На пејачката ѝ се заканува казна затвор, сестрата ја обвинува за обид за убиство

„Северина има убиствен инстинкт, агресивна е и луда! Таа ме избоде со остар предмет, а јас се бранев! После тоа не се јавила во итната помош, што значи дека сакала да ме убие, изјавила тогаш Маријана и додала дека поради неа настрадале и нејзината мајка и поранешните партнери и дека се плашела дека може да му наштети на детето исто така На моето семејство му е тешко да се справи со неа бидејќи консумира разни наркотици и не сака да прифати помош од психијатар и да оди на лекување“.
Маријана е особено револтирана бидејќи Северина со своите манипулации ја сврте нејзината ќерка против родената мајка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.