Северна Македонија на некој начин е Европа во мало






Амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер попладнево беше во прва официјална посета на Гостивар, во чии рамки оствари средба со градоначалникот Арбен Таравари.

„Задоволство ми е што го имаме Амбасадорот за прв пат во посета кај нас. Разговараме за изборите кои поминаа, за формирање на следната Влада и за соработката меѓу двете држави. Исто така, за евентуални инвестиции во нашата општина, меѓутоа и во Република Северна Македонија генерално.“, рече Таравари.

Амбасадорот Памер порача дека земјава треба да го продолжи патот кон ЕУ, а младите да се мотивираат да ја градат својата иднина дома.
„Северна Македонија на некој начин е Европа во мало, имате неколку етнички групи и вери и тоа убаво функционира, ако нема некои сили кои работат против тоа. Ова е преубава земја со неверојатна природа, одличен економски потенцијал. Човечките ресурси се голем проблем, транзицијата предолго трае, но мислам дека сите треба да работиме младите да останат тука и да градат иднина во својата земја.“, изјави Памер.

Амбасадорот во Гостивар посети културно-историски знаменитости.

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: