Сега треба да се подготвиме за следната пандемија, велат научниците

Со оглед на тоа дека целиот свет во моментов се бори против пандемијата на коронавирус, тешко е да се замисли дека некогаш во иднина би можело повторно да се соочиме со нешто како ова.
Но, според научниците, тоа не само што е можно, туку е и веројатно.
Дури и пред да бидат регистрирани првите случаи на COVID-19, научниците беа свесни дека светот би можело да се соочи со некаква опасност, особено затоа што не сме подготвени за такво нешто. Но, COVID-19 покажа колку сме ранливи на вирусните мутации на овој вирус и се поставува прашањето колку би било тоа опасно во случај на нова пандемија.
Затоа, научниците советуваат дека истражувањето и подготовката на вакцини што можат да нè заштитат и одбранат во случај на такви закани треба да започнат што е можно побрзо.
Инвестирајте сега за во иднина

СЕУЛ (АА) – Додека во голем број подрачја во Јужна Кореја, загаденоста на воздухот зафаќа опасни димензии, власта упати предупредување до граѓаните, при излегувањето на улица да користат маски.
( Mehmet Şah Yılmaz – Агенција Анадолија )

Во новиот коментар објавен во списанието Nature, научниците тврдат дека владите и приватниот сектор мора да почнат сега да инвестираат во истражување и развој на широко неутрализирачки антитела кои се ефикасни против повеќе соеви на вирусот.
„Таквите антитела би можеле да бидат првата одбранбена линија во спречувањето или лекувањето на вирусите од одредено семејство, вклучувајќи и нови соеви што би можело да се појават“, објаснуваат Денис Бартон и Ерик Топол.
„Што е уште поважно, тие може да се користат за правење вакцини против бројни членови во семејство на вируси“, додаваат тие.
Истражувачите наведуваат дека имавме среќа кога станува збор за COVID-19, бидејќи шилестиот протеин во SARS-CoV-2 вирусот го олесни правењето вакцини. Но, научниците предупредуваат дека следниот пат можеби нема да имаме толку среќа.
„Следниот патоген може да биде помалку прилагодлив, а производството на вакцини може да трае многу подолго. „Дури и SARS-CoV-2 би можел да стане попроблематичен поради појавата на нови соеви“, велат истражувачите.
Развој на вакцини пред појавата на нов патоген
За да се спречи ова во иднина, потребно е да се развијат вакцини против вируси дизајнирани околу широко неутрализирачки антитела кои индивидуално би можеле да бидат насочени кон приоритетни вируси, вклучително и потенцијално варијанти на вируси SARS-CoV-2, ХИВ, ебола, подвидови на грип итн.
Овој процес е исклучително тежок и скап, но истражувачите велат дека тој е секако поевтин од штетата што ја предизвика COVID-19 на глобално ниво.
„За разлика од реактивната програма што тргнува во акција кога ќе се појави нов патоген, нашиот предлог има цели што сега може да се опишат и проекти кои би можеле да започнат веднаш во големи размери“, објаснуваат авторите.
„Ќе имаме епидемии во иднина, но мора да спречиме да станат пандемии“, предупредуваат тие.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.