Седум маринци загинаа во воена база во Невада

Седум маринци загинаа во понеделникот навечер по локално време (22 часот- 7 часот во вторник наутро по македонско време), во експлозија во база на американската армија во сојузната држава Невада, во близина на градот Хоторн, потврди во вторникот командата на маринците.„Фаталниот инцидент се случи за време на вежба малку по 22 часот во понеделникот, во армиски магацин во градот Хоторн државата Невада, Седум припадници на Втората дивизија на морнаричката пешадија загинаа, а неколку се повредени“, се нaведува во соопштението што го цитира AFP.Агенцијата забележува дека во официјалното соопштение не се соопштува за каков вид несреќа станува збор. Претходно претставници на командата потврдиле дека до несреќата дошло во текот на обуката на маринците.Службеник во воениот магацин Рас Колиет изјавил за локалната телевизија во градот Рен дек инцидентот не е поврзан со муницијата која била сместена во базата во близина на Хоторн, 220 километри оддалечен од Рен,Во воената база во Хоторн се чува муниција, а се состои од стотина објекти на површина од 600 квадратни километри.
МакфаксСедум маринци загинаа во понеделникот навечер по локално време (22 часот- 7 часот во вторник наутро по македонско врем

Пронајдете не на следниве мрежи: