Седум реченици кои редовно ги изговараат сите среќни парови

Во врските е подеднакво важно љубовта да ја покажете на дело, но не треба да се занемари ниту моќта на зборовите. Среќните парови знаат колкава улога има и вербалната комуникација и изразување на поддршка на партнерот.
Токму затоа брачните терапевти за „HuffPost“ издвоиле фрази во кои луѓето во среќни врски редовно си ги кажуваат едни на други.
1. Тука сум за тебеУбаво е да знаете дека некој секогаш ви го чува грбот. Непроценливо е да имате личност на која можете да се потпрете и која ќе ви пружи безусловна поддршка, без оглед на проблемот со кој се соочувате.
„Кога партнерите не се сигурни во подготвеноста на другите луѓе да бидат тука за нив, односите можат многу лесно да се нарушат“, вели психологот Саманта Родман.
2. Можам ли да ти помогнам?
Без оглед на тоа дали станува збор за носење на кесите од маркет или пак помош при склопување на креветот кој штотуку сте го купиле, добро е да знаете дека постои некој кој е подготвен сите потреби да ги остави настрана и прво да се занимава со решавање на проблемите пред кој сте се нашле вие. Нормално, за возврат мора ивие да сте подготвени на истото.
3. Изгледаш неверојатно
Таквите комплименти јасно даваат до знаење дека вашиот партнер и понатаму ве доживува и дека сте му привлечни, а кој не би го посакувал тоа?


4. Верувам во тебе
Без разлика дали сте добиле отказ од работа или сте пред откажување од диетата која сте ја започнале претходниот ден, важно е да имате некој кој ќе ве „турка“ нанапред. Дури и тогаш кога ќе се посомневате во себе.
5. Благодарам
Паровите кои се во среќни врски често ја изразуваат својата благодарнст еден на друг. Не го чекаат само Денот на вљубените или роденден за да признаат дека забележуваат што сè прави нивниот партнер за нив. Наместо тоа, тие имаат навика да велат „благодарам“ за секојдневни, најобични работи преку целата година.
6. Жал ми е
Соочувањето со грешките и признавањето дека сте виновни, бара да ја оставите гордоста настрана, што не секогаш е лесно. Но, можноста искрено да му се извините на партнерот може да направи разлика помеѓу мало, привремено несогласување и долгогодишен конфликт во врската.
„Признавање на сопствените грешки е всушност правење чекор напред“, тврди Курт Смит, терапевтот кој е специјализиран за советување мажи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.