Сезонски рецепти: Вкусни коцки од јагода

Подгответе го овој вкусен колач со јагоди затоа што баш сега е нивното време…
Потребно е:
6 жолчки
6 лажици шеќер
6 лажици млеко
6 лажици масло
6 лажици брашно
1 прашок за печиво
3 лажици какао во прав
за филот:
750 г млеко
250 г шеќер
3 пудинзи од јагода
6 белки
9 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
околу 600 г јагоди
2 шлаг-креми од јагода


Подготовка:
– Изматете ги жолчките со шеќерот, млекото, маслото, какаото, брашното и прашокот за печиво. Оваа смеса сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 Целзиусови степени.
– Проверете дали е печен колачот со чепкалка за заби. Кога ќе го боцнете колачот во рерна со чепкалката, ако ја извадите сува од колачот, тоа значи дека колачот е печен и извадете ја тавата од рерна.
– Од млекото, шеќерот и пудинзите од јагода подгответе пудинг.
– Во еден сад со миксер изматете ги белките со 8 лажици шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер во цврсто шне.
– Шнето додадете го во врелиот пудинг и изматете го убаво со електричен миксер за да ги соедините состојките. Оставете да се излади.
– Јагодите исечкајте ги ситно и додадете ги во горната изладена смеса. Вака подготвениот фил прелијте го преку кората и распоредете го еднакво.
– Изматете две шлаг-креми од јагода и нанесете ги најодозгора на колачот.
– Украсете по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.