Не постои волшебно стапче за слабеење, но одредени напивки можат да ни помогнат да дојдеме до посакуваната линија и да го забрзаме метаболизмот.
Освен здрава исхрана и редовни тренинзи, мешавината од вода, цимет и јаболка ја удвојуваат брзината на слабеењето.
Една жена (48) секое утро на празен стомак ја пиела оваа напивка и за еден месец забележила драстична разлика во изгледот. Сета облека ѝ била широка, а истовремено го регулирала и нивото на шеќер во крвта.
Добро е да се пие овој сок одвреме-навреме, дури и ако не сакате да изгубите килограми. Добро ќе ви дојде како детоксикација и помош при исфрлањето на насобраните токсини. Не е лошо повремено да направите рестарт на целиот организам.
Приготвување:
Во еден литар зовриена вода ставете едно јаболко исечкано на резанки и 2 лажици цимет. Пред употреба, оставете го да отстои минимум еден час. Пијте по една чаша секое утро.
Оваа напивка не содржи калории, а благодарение на циметот ќе ви го стабилизира нивото на шеќер во крвта и така ќе нападот на глад и желбата за благо ќе биде блокирана.
Јаболкото се додава за подобар вкус и за да го неутрализира малку лутеникавиот вкус на циметот.