Познато е дека лукот, медот и маслиновото масло имаат огромна предност за нашиот организам. А кога ќе ги споите овие 3 намирници, добивате одличен домашен лек кој ќе го подобри вашиот имунолошки систем.
Земањето на оваа мешавина на празен стомак со сигурност ќе го подобри вашето целокупно здравје.
Здравствени предности на лукот
Познато е дека лукот е моќен додаток во исхраната кој се покажал особено ефикасен во борбaта против инфекции, патогени бактерии, вируси и паразити отпорни на лекови, а исто така е добар против габични инфекции.
Овој природен антибиотик содржи витални ензими и антиоксиданти. Некои од нив се – формирање на здрави коски и сврзно ткиво, метаболизам на коски, апсорпција на калциум како и правилно функционирање на штитната жлезда. Лукот содржи 17 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Б6, 15 отсто на витамин Ц како и голема количина на калциум, фосфор и селен.
Здравствени предности на медот
Медот е лековита храна која ја хидрира кожата, лекува рани, го забрзува процесот на регенерација и зараснување… Може да се користи за подготовка на сирупи против кашлица, а го подобрува и варењето.
Редовната консумација на овој производ има многу предности. Некои од нив се побрзо закрепнување по тренинг, повеќе енергија, подобар сон, подобро помнење, губење на вишокот килограми…
Здравствени предности на маслиновото масло
Во здравствена смисла, маслиновото масло го намалува ризикот од некои видови карцином, го намалува лошиот холестерол и на тој начин штити од кардиоваскуларни болести, го подобрува притисокот и го забавува стареењето на клетките.
Еве како да подготвите домашен лек за зајакнување на имунитетот:
Ситно исечкајте 1 чешне лук, а потоа додајте 1 лажица мед и 1 лажица маслиново масло. Измешајте и изедете ја смесата.
Правете го тоа секое утро и секоја вечер и за само 1 недела ќе се чувствувате подобро!