Откако ќе дознаете што сè една чаша сок од домати наутро може да излекува, и вие ќе започнете да го практикувате истото.
Експерти од универзитетот во Тајван одлучиле да спроведат еден експеримент. Тие на група жени од различни старосни групи, телесна тежина и потекло им дале да пијат по една чаша (околу 250 милилитри) сок од домати секој ден, во рок од еден месец.
Најбрзата и највидливата промена било значајното губење на вишокот килограми, а експертите нагласиле дека не станува збор за исфрлена течност од организмот туку за масни наслаги.
“Тестираните жени не ги смениле своите навики во исхраната или вежбањето, а веќе по неколку дена резултатите биле очигледни”, откриваат научниците кои го спровеле експериментот.
Исто така, тие на жените на почетокот и крајот од експериментот им направиле крвна анализа.
“Забележано е значително пониско ниво на холестерол во крвта, а зголемено ниво на ликопен – антиоксиданс кој го содржи доматот, кој со себе носи мноштво здравствени придобивки”, велат научниците.
Експериментот покажал дека една чаша сок од домати дневно го зајакнува имунитетот, штити од срцеви болести, но и го намалува ризикот од развој на рак. Освен тоа, овој освежувачки напиток помага и кај дигестивните проблеми, го стимулира исфрлањето на течностите, го чува здравјето и спречува развој на болести на мочниот меур, панкреасот, црниот дроб и белите дробови.
Сокот од домати е одличен и за кожата и придонесува за блескав тен, а значајно ја намалува и кашлицата, спречува анемија, ги ублажува ревматските симптоми и ја подобрува крвната слика.
Исто така, доматот содржи и калиум, калциум, растителни протеини како и јаглехидрати, и секако – неопходниот витамин Ц.
Напомена: доколку планирате да консумирате куповен сок од домати, водете грижа тој да биде од органско потекло за ефектите да бидат целосни.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.