Секој четврти човек ги има: еве што ви смрди од устата и како да се спасите

“Ако во детството често сте боледувале од загноени крајници, многу е голема веројатноста дека гнојните чепови одтавиле лузни.
Тие лузни се во форма на дупки како кратери и во нив се задржува храната…”
Доколку ги имате сите крајници на број, голема е шансата во нив да имате и камен! Многу луѓе не се ни свесни дека го имаат во устата, или поминува незабележано кога ќе отпадне, но ако е доволно голем, може да се почувствува кога каменот отпаѓа!


Камен во крајници најчесто се јавува како последица од чести воспаленија на крајниците, или ако едноставно имате преголеми крајници со доста кратери.
Не се знае точно колку луѓе се склони на оваа појава, но при едно истражување, каде 150 испитаници поминале магнетна резонанца на главата, околу 24% од нив во крајниците имале камења.
Лекарите и научниците и натаму водат расправи околу тоа како точно настанува камен во крајникот, но една работа е сигурна – мртвите клетки, слузта од устата и парчиња храна се заглавуваат во браздите на крајниците, каде стврднуваат во една хомогена смеса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.