Секси фустаните се нејзин заштитен знак, но сега се одлучи за драстична промена

Актерката Скарлет Јохансон, која неодамна го прослави својот 40-ти роденден, неодамна беше фотографирана во стилска облека.Познатата убавица Скарлет Јохансон требаше да се појави во шоуто „Live with Kelly & Mark“, каде што ја промовираше својата линија на козметички производи наречена „The Outset“.Скарлет избра деловен костим за оваа посебна пригода. Иако секси фустаните се нејзин заштитен знак, таа сега реши малку да го промени модниот правец.Таа носеше класичен кафеав костум, кој го комбинираше со беж чанта „Прада“.За да го комплетира својот стајлинг, актерката избра шминка во „голи“ тонови и кармин во неутрална боја кој ги истакна нејзините полни усни.Да потсетиме дека Скарлет неодамна го прослави својот 40-ти роденден, а нејзиниот сопруг Колин Јост приреди голема прослава за својата сакана.Таа сега го коментираше овој чин на љубов на нејзиниот сопруг.“Тој е многу добар човек и јас сум многу среќна што го имам во мојот живот. Тој е толку грижлив човек и размислува за се. Исто така, тој е многу добар татко и го сакам”, изјавила искрената актерка.

Пронајдете не на следниве мрежи: