Сексот е најдобар лек против главоболка

Сексот е подобар и поефикасен од лековите во лечењето на главоболката, тврдат германските научници, истакнувајќи дека оваа активност предизвикува лачење на ендорфин, природен телесен аналгетик којшто делува на централниот нервен систем, ја намалува, па дури и ја елиминира главоболката.

Тим на невролози од Универзитетот во Минстер откри дека сексуалната активност може да ги намали или потполно да ги отстрани некои видови на мигрена.
 „Наместо да ја користите мигрената како причина за одбивање на сексот, би било подобро да се препуштите на водењето на љубов кое би можело да биде поефикасно средство против главоболката отколку аналгетиците“ се наведува во студијата „Влијанието на сексот на идиопатската главоболка“, објавено во магазинот „Цефалгиа“.
 Истражувањето покажало дека кај повеќе од половина пациенти сексот ги намалил болките предизвикани од мигрената, а кај секој петти болката потполно исчезнала.
 Со студијата биле опфатени 400 пациенти кои боледуваат од мигрена или обична главоболка. Се констатирало дека двете групи се почувствуваат подобро после сексот.
 
Сексот е подобар и поефикасен од лековите во лечењето на главоболката, тврдат германските научници, истакнувајќи дека

Пронајдете не на следниве мрежи: