Сексот после кавга дејствува како кокаин

Општо познато е дека сексот после голема кавга е многу добар. Сепак, докторите тврдат дека помирувањето на партнерите во кревет има ист ефект како и кокаинот. Клиничкиот психолог Сит Мејерс верува дека паровите кои најчесто се смируваат преку секс, се караат многу почесто.
„Ваквиот секс ја засилува кавгата и емоционалната драма. Размислите, ако после кавга имате неверојатен секс, зарем не е логично повторно да се скарате бидејќи наградата е феноменална.“ – вели тој.
Многумина сепак веруваат дека сексот е здрав начин да се исфрлат негативните емоции и партнерите повторно да се зближат. Докторот објаснува зошто тоа не е вистина.
„Паровите после кавга едвај чекаат да почнат со галење и нежности, бидејќи тоа е спротивно од гневот и нервозата при недоразбирањата. Искрено кажано тоа воопшто не се разликува од наркоманите на кои им треба нова црта кокаин.“ – вели Мејерс.
Повеќето сексолози не се сложуваат со овој став, затоа што тврдат дека сексот за помирување е најнормална појава и дека ја зголемува блискоста помеѓу партнерите. Мејерс од друга страна тврди дека вистинската интимност доаѓа преку разбирање и дека би било попаметно паровите да ги расчистат недоразбирањата пред да си ја соблечат облеката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.