Секс со бившите – науката вели дека може да ви помогне да преболите полесно

Се чини дека прво правило на раскинувањето е – сексот со бившите е забранет.
Но, се чини треба да го ажурираме ова правило, согласно едно најново истражување на темата, чии резултати беа објавени во Archives of Sexual Behavior.
Учесниците во истражувањето зборувале за нивното искуство со раскинувањето во две етапи од истражувањето. Во првата, секој ден во текот на првите два месеци по раскинувањето, пополнувале прашалник во кој одговарале на прашања за тоа како се чувствуваат тој ден, колку се емотивно приврзани за бившите и дали се обиделе да воспостават сексуален контакт со нив.
Во втората етапа, испитаниците одговарале на прашања за обидите и евентуалните успеси да имаат сексуален контакт со поранешните партнери и колку емотивно приврзани се чувствувале кон нив.
Научниците дојдоа до резултати дека повеќето луѓе кои се обиделе да спијат со бившите успеале во намерата, но тоа не им се испречило на патот кон преболување. Воопшто не биле депримирани после тоа, туку напротив, имале повеќе позитивни чувства за да продолжат понатаму.


Што значи ова?
Ова значи дека идејата дека ако спиете со поранешниот партнер ќе ве направи помизерни, не е секогаш точна. За некои луѓе, сексот со бившите се чини дека или нема негативен ефект или има дури и позитивен.
Стефани Спилман од Државниот универзитет Вејн, која беше главен автор на истражувањето, објаснува дека треба да го смениме нашето гледање на оваа појава/потреба и да се фокусираме на причините за копнежот, а не на самото дејство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.