четврток, 12 ноември 2026
Најново

Села: Алијанса е против една изборна единица бидејќи им штети на Албанците

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Зијадин Села, лидерот на едното од трите крила на Алијанса за Албанците, дел од коалицијата „Европски фронт“, се изјасни против изборниот систем со една изборна единица за парламентарните избори и смета дека таков систем би бил штетен за Албанците.

-Тие не се дел од населението во источниот дел од земјата и процесот не може да се контролира, изјавил денеска Села пред Собранието.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Нивниот предлог е да се оди со осум изборни единици. Села се согласува дека листите треба да бидат отворени бидејќи граѓаните така би можеле сами да ги избираат пратениците, а не лидерите на партиите.

Во однос на локалните избори и барањето за нивни кандидати во рамките на коалицијата, претседателот на Алијанса вели дека се прават внатрешни разговори, но очекува во општина Струга да остане кандидат за градоначалник од нивните редови од АА.

-Инаку која би била логиката да бидеме во коалиција Европски фронт, додаде Села.

Поврзани вести