Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села разочаран од односот на власта кон Општина Гостивар изјави дека повеќе нема да коалицира со СДСМ на Зоран Заев.
-На прашања на граѓаните, на мои поддржувачи, на новинарите, зошто треба пак да го поддржам Заев, немам одговор. Затоа што го направив премиер? Затоа што по секоја цена се здружи со другата компонента од режимот, ДУИ, и направи се за да не победи на локални избори? Затоа што секој ден го амнестираат криминалот и корупцијата и луѓето кои лично сакаа да ме елиминираат? Затоа што направи многу игри после локалните избори по секоја цена да не понижи? Не, ние го избравме другиот пат, да излеземе гордо од власта. По втор пат ни ги зема надлежностите во Гостивар, затоа што дадовме безусловна поддршка за уставните измени? Но тоа беше за нашите деца, не беше за него. Доста е веќе – изјави Села откако вчера заедно со БЕСА на Билал Касами, го промовираа Блерим Река за претседателски кандидат.