Села се најде на листата на ДУИ, ќе ја предводи листата во ИЕ5

Зијадин Села од Алијанса за Албанците (АА) ќе биде носител на пратеничката листа во Изборната единица 5 како дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ соопшти лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по потпишувањето на коалицискиот договор со Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, пренесува МИА.

Ахмети ги објави имињата на носителите на листи за пратеници во две избори единици. Носител во Петтата изборна единица ќе биде Зијадин Села, додека пак во Третата, Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија.

Лидерот на ДУИ го промовираше Села како носител на пратеничка листа уште пред да биде официјализирана соработката со Алијанса на Албанците во рамките на коалицијата „Европски фронт“. Ахмети најави дека утре (30 март) во 21 часот во Гостивар ќе ја официјализираат соработката со потпишување договор за коалицирање со Алијансата за Албанците крилото на Зијадин Села.

Досега на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ и се приклучија ДПА, Европската демократска партија, Народното движење, Алијансата за Албанците крилото на Зијадин Села, Унијата на Ромите, Демократската партија на Турците.

Пронајдете не на следниве мрежи: