Доскорешниот претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, најави формирање нова политичка партија под името „Албански сојуз“, објави 4news.mk
Во интервју за весникот „Лајм“, Села вели дека новата партија веќе е формирана и ќе претставува продолжение на, како што истакнува, идеалите и политичката кауза на Алијансата за Албанците.
„Не мислиме дека решението е повлекување. Ова е нов почеток и ќе продолжиме да градиме силен политички субјект“, изјави Села, додавајќи дека партијата ќе има црвено-црни бои.
Најавата доаѓа откако Основниот суд во Тетово на 18 март одлучи партиските печати да му припаднат на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари.
Од таборот на Села најавија жалба на оваа одлука до Апелацискиот суд.



