Селективна правда ќе има – некој ќе го крка, за да крупните се спасат, пишува на Фејсбук Тамара Јованов.
– Обид за заштита на своите од одговорност (оставки, разрешувања наместо обвиненија).
Глумење лудило за непознавање на состојбите на терен (во град под нивна власт).
Закани во стилот и кадија и судија “влечење за уши”.
Притисоци кон револтираните роднини на настраданите.
Терање пи-ар со изгорените по болниците (наспроти сите правила за лекување).
Безобзирен однос кон новинари и повикување на новинари на информативни разговори.
Хермелини и бројна полиција пред нивните канцеларии.
Менување на правила за снимање со дронови во последен момент.
Пуштање на ботови да оцрнуваат народ по мреживе и да заокружуваат со “шарени”, “длабока држава”, “сорос”…
Не мириса на арно.
Уште помалку на менување систем.
И воопшто не на правда.
Селективна правда ќе има – некој ќе го крка, за да крупните се спасат.
А тоа другари е дефиниција за неправда и срушен систем.
Кој верува инаку, дебело се лаже.
Кој ги заборавил нивните методи, брзо ќе се потсети.
Не ни е прв пат, додуша. – стои во објавата.



