Седмуте меча во низа без победа, со што беше израмнет негативниот рекорд од пред речиси шест децении, ја примораа управата на Ајакс да го отпушти тренерот Алфред Шрудер, по што почнаа серија шпекулации за тоа кој ќе седне на клупата што ја посакуваат многу светски стручњаци.
Според холандските медиуми, главен фаворит за преземање на кормилото на составот од Амстердам е хрватскиот селектор, Златко Далиќ. Засега е сигурно дека Џон Хеитинга, досегашниот предводник на младиот тим, ќе го води Ајакс на следните натпревари, а не се исклучува и можноста тој да остане на клупата до крајот на сезоната, а потоа на негово место да дојде Хрватот.