Селена Гомез јасно стави до знаење дека нема да дозволи хејтерите да се потсмеваат на нејзината „ранливост“.Пејачката и актерка неодамна им се обрати на сите кои ја гледаат како жртва поради нејзините здравствени проблеми: “Ебате! Ова е мојот живот. Ова сум јас”.Додека присуствуваше на вечерата „Жени во филмот“ со нејзината помала сестра Грејси, Гомез имаше одговор на сите оние кои ги омаловажуваа нејзините проблеми.Selena Gomez speaks at the Women in Film dinner:“So yeah I shared that I can’t carry a child. Yeah I shared I have bipolar. F*CK OFF! That’s what my life is. That’s who I am. Screw anyone who tells you you’re a victim. You’re a survivor in my book.” pic.twitter.com/ANdGUXqpDL— Selena Gomez News (@SGomezNewsCOMs) September 20, 2024„Заеби секој што ќе ти каже дека си жртва. Навистина верувам дека има моќ во тоа да бидеш ранлив и да им кажуваш на луѓето дека ти треба помош и дека сакаш помош“, рече актерката и пејачка во вирално видео кое ги обиколи на интернет. .“Не е срамота. Па, да, реков дека не можам да бидам бремена. Да, реков дека имам биполарно растројство. Затоа споделувам, затоа сакам да бидам искрена, бидејќи секој поминува низ нешто”, додаде таа. .Гомез советуваше дека „никогаш не дозволувај некој да ти каже дека не си добра личност“.Потсетуваме, Гомез на 9 септември за Vanity Fair откри дека не може да забремени поради здравствени проблеми.“За жал, имам многу медицински проблеми кои би ги ставиле во опасност мојот живот и животот на бебето. Тоа беше нешто што тагував некое време”, рекла Селена.Инаку, во 2013 година и беше дијагностициран лупус, а во 2017 година и беше трансплантиран бубрег. Сепак, таа тогаш не мислеше дека тоа ќе биде проблем. Како што вели, сега се помирила со тоа и прифатила дека нема да биде како што замислила.
Пронајдете не на следниве мрежи: