Селин Дион плачејќи им се обрати на фановите: Проговори за болеста со која се бори и соопшти тажна вест

Селин Дион неодамна откри дека боледува од реткото нарушување SPS (Stiff Person Syndrome), кое предизвикува неконтролирано стегање на мускулите.

Познатата пејачка во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил го сподели ова сознание со своите фанови и откри како се манифестира оваа ретка болест.
Таа со солзи во очите рече дека ќе мора да ја откаже европската турнеја:
“Здраво на сите, извинете што ми требаше толку време да разговарам со вас. Многу ми недостигате и едвај чекам да разговарам повторно со вас од сцената“ – започна Селин, а потоа во солзи продолжи:

Селин Дион плачејќи им се обрати на фановите: Проговори за болеста со која се бори и соопшти тажна вест

– Отсекогаш сум била како отворена книга, но до сега не бев подготвена да зборувам за ова. Неодамна ми беше дијагностицирано ретко нарушување кое погодува еден од милион луѓе во светот. Барем сега ми е јасно зошто имам напади. За жал, спазмот ми го нарушува секојдневието. Понекогаш не можам да одам, понекогаш не можам да зборувам или да пеам. Многу ми е жал, но не ни верувам дека ќе успеам да ја започнам турнејата во февруари следната година. Работам со најдобрите лекари и спортски лекари за повторно да си ги вратам силите и способностите за настап, но морам да признаам дека тоа е тешка битка, рече пејачката.
-Додека сè уште дознаваме за оваа ретка состојба, сега знаеме дека тоа беше причина за грчевите од кои страдав, истакнала познатата пејачка и продолжила:

„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот живот и ми го отежнуваат движењето, а не ми дозволуваат да ги користам гласните способности на начин на кој сум навикната. Тешко ми е да ви кажам дека тоа значи дека нема да бидам подготвена да ја продолжам европската турнеја во февруари, како што беше претходно најавено. Ве сакам и се надевам дека наскоро повторно ќе се видиме“ додала Селин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.