Селфи по преживеана авионска несреќа

Откако противпожарно возило удри во авион во Перу, токму при полетувањето, двојка патници реши веднаш да направи самослик, славејќи си го животот…
Несреќата се случила во петокот на Меѓународниот аеродром „Хорхе Чавез“ во Лима, главниот град на Перу.

Селфи по преживеана авионска несреќа

Кога авионот почнал да полетува, во него удрило противпожарно возило при што на самото место загинале двајца пожарникари.

Човекот на фотографијата, професорот Енрике Варси-Роспиљоси, ја сподели сликата на Твитер со натпис: „Кога животот ти дава втора шанса“, а објавата набргу стана интернет-хит, како и луѓето на кои очигледно им е мило што се меѓу преживеаните.
Патниците и членовите на авионскиот екипаж не се повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.