Семејна пица од палента – подобра и од класичната!

Ви предлагаме здрав рецепт за пица, кој може да го подготвите заедно со вашите најблиски и да уживате во прекрасните семејни моменти.
Семејна пица од палента – подобра и од класичната!
Потребни состојки за пицата:
1 чаша палента (или пченкарно брашно) (160 г)
1,5 чаши вода (360 мл)
1,5 чаши млеко (375 мл)
половина чаша рендан пармезан (50 г)
4-5 големи лажици пица сос
2 големи парчиња моцарела
1 лажичка суво оригано
малку маслиново масло
1 грст рукола и неколку свежи листови босилек
Начин на подготовка:
Варете ја палентата во загреаното млеко помешано со вода околу 3-5 минути.
Додајте го пармезанот, измешајте добро и истурете ја смесата во тава за печење, која сте ја обложиле со хартија за печење. Израмнете ја површината со дебелина од 2,5 см и формирајте круг (смесата ќе биде доволна за две пици).
Попрскајте ја основата од палентата со малку маслиново масло и печете 20 минути во рерна загреана на 220 °С. Потоа извадете ја тавата, премачкајте ја пицата со сосот, додајте ја моцарелата и сувото оригано и печете уште 5 минути додека не се стопи сирењето. Послужете ја пицата со свежи билки и сечкана рукола.


Рецепт за вкусен пица сос:
2 конзерви домати (пелати).
1 лажичка кромид во гранули
1 лажичка лук во гранули
1 лажичка суво оригано
1 лажичка мед
1/2 лажичка сол
1 прстофат бибер
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги заедно во тенџере на тивок оган.
Варете го сосот 20 минути. Повремено мешајте и почекајте вишокот течност да испари, а сосот да стане густ.
Уживајте во вкусовите на овој здрав рецепт!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.