Семејствата на осудените за настаните од 27 април преку иницијатива за помилување бараат аболиција од престедателот Ѓорѓе Иванов. Ова за ТВ“24“ го потврдуваат и дел од нивните адвокати. Тие се осудени за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во Парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.Најблиските на осудените бараат, како што велат, Иванов да ја искористи можноста која му ја дава законот за ослободување поединци од затворска казна. Потврда дека за осудените се бара помилување, пристигна и од Вила Водно. На прашањето ако е пристигната иницијативата до Кабинетот на Иванов како ќе постапи претседателот, оттаму кратко одговорија дека во петокот, во попладневните часови, во Кабинетот на Претседателот е пристигнато уште едно од повеќето барања за помилувања.
Од адвокатскиот тим на обвинетите велат дека причината е амнестијата која ги спаси од затвор дел од обвинетите, а тоа семејствата го сметаат за селективна правда. Во иницијативата до Иванов посочуваат дека осудените се жртви на политички прогон и дискриминација.
– Не очекувам аболиција од претседателот Иванов оти не постои такво нешто како законска можност. Со последното давање на аболицијата и со поништувањето, по закон претседателот тоа право не може да го искористи повеќе. Парламентот може во иднина да даде такви права на претседателот, но во моментов такво право не постои. – изјави премиерот Заев.
За делото 16 учесници во „крвавиот четврток“ заработија затворски казни од вкупно 211 години, а највисока е казната за поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков. Дел од учесниците беа амнестирани со закон во Собрание, кога на власта и беа потребни гласови за уставни измени. Претседателот Иванов пред три години помилува 56 лица со образложение дека целта му е излез од политичка криза, а потоа истата одлука ја повлече.