Сенаменски прелив од јогурт: Потребни ви се само 3 состојки, а готов е за 2 минути

Подобрете го вкусот на која било салата, месо или зеленчук со овој вкусен прелив од јогурт.
Сенаменски прелив од јогурт: Потребни ви се само 3 состојки, а готов е за 2 минути
Кога пребарувате рецепти за различни преливи, често откривате дека ви требаат најмалку 10 состојки од кои повеќето ги немате. За преливот од јогурт што ви го претставуваме денес, потребни ви се само 3 состојки и 2 минути од вашето време.
Кремаст, вкусен, сенаменски и прилагодлив затоа што секогаш можете да додадете му додадете и други состојки на основниот рецепт.
Потребни состојки:
285 г грчки јогурт
сок од 1 лимон
прстофат сол


Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во мала чинија и измешајте ги со вилушка.
Ставете од преливот врз салата, месо или ориз и уживајте во вкусот!
Може да користите оцет наместо лимон или да додајте малку сечкан лук.
Преливот можете да го разретчите со млеко, а за уште побогат вкус додајте маслиново масло и свежи зачини како коријандер, магдонос, нане, оригано, или босилек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.