Сендвич со крем салата од туна и јаболко

За да го добијам, овој совршен вкус на салата со туна, често додавав или одземав вкусови. Еднаш во еден ресторан пробав, ладен сендвич со туна салата во кој имаше и зелено јаболко и многу ми се допадна вкусот кој го даваше јаболкото , па решив да го додадам и јас.
Најпрво, подгответе ја крем салатата. Исецкајте го кромидот, пиперката и авокадото на поситни парченца. Потоа, исцедете ја туната, па иситнете ја и додајте ја во овие состојки. Доколку сакате крем салатата, да ви стои подолго време во фрижидер, тогаш парчињата јаболко, додајте ги пред да ја послужите, бидејќи истите пуштаат вода. Доколку ги приготвувате веднаш сендвичите, тогаш додајте ги и јаболките. Додадете ја киселата павлака, мајонезот, маслото и оцетот, па се добро промешајте. Посолете и зачинете мелен црн бибер по вкус.


Редење на сендвичите
Лепчињата се сечат на половинки. На дното, се става претходно исецкана марула, а врз неа се нанесува од крем салатата. Врз салата се редат, претходно исецкани на половина маслинки, па кругови краставица и домат. Врз нив се премачкува повторно од салата.
Јас, малку претерав со салата во моите сендвичи, и сметам дека од оваа доза салата, би имале доволно, за да се направат 8 сендвичи.
Секако, оваа салата, може да се комбинира и со други јадења. Немојте да ги изоставувате, авокадото и пиперката. Совршено се надополнуваат со вкусот на туната.
За посна варијанта, испасирајте го авокадото (тука, ви е потребно едно авокадо), па во него додајте масло, оцет и другите состојки, па мачкајте ги сендвичите со овој намаз.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.