Сендвич со моцарела и пилешки стек

Состојки
2 парчиња црно лепче
4 парчиња моцарела
1 среден патлиџан ( домати )
1 лажица песто сос
2-3 ливчиња босилек
200 гр пилешки стек

Секојдневниот појадок најчесто е монотон. Мармалади,салами, кашкавали…
Една промена за денешниов ден, не е на одмет.
На црно лепче премачкајте песто сос.
Наредете ги ливчињата босилек.
Ако користите моцарела во мали топчиња, ставете 4 топчиња, а ако имате едно парче големо, тогаш пресечете си 4 парченца, па наредете ги врз парчињата лепче.
Стекчето пресеќете го на тенкилистови и исчукајте го.Посолете го со црн бибер и сол,па запр
ете го со малку маслиново масло.
Наредете го на лепчето и него, па затворете со кругови домати.
Притиснете го со другото лепче па ставете го во апарат за тост сендвич. Притиснете благо, да се соединат состојките, да си се растопи моцарелата.
Нека ви е слатко со мојот предлог.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.