Сензуална, софистицирана или смела: Бојата на лак ве открива

Бојата на лакот на ноктите не е само одраз на личен стил, таа исто така зборува и за вашиот карактер и темперамент.
Црвената боја на ноктите открива сензуалност
Ако како магнет ве привлекува црвен лак, во вас се крие страсна, сензуална и темпераментна жена полна со ентузијазам. Црвенота боја е симбол на гламур и е нај заводливата боја на светот.
Бордо лак открива софистицирана личност
Оваа длабока и темна нијанса на црвена крие моќна комбинација на класична црвена и розова боја која е тренди и е една од најпознатите во палетата на бои, но исто така и во светот на високата мода.
Сини тонови откриваат самоувереност
Љубителките на сини нокти се бестрашни, храбри и уверени. Желни да ја преземат контролата, отворено кажуваат што мислат, и често се вистински драма кралици кои сакаат да биде забележани.
Уметничките души сакаат виолетово
Виолетовата е комбинација на смирувачката сина и динамичната црвена боја, па спаѓа во најкреативните бои. Оваа боја како магнет привлекува креативни и уверени жени кои не сакаат ништо лесно и не се плашат да се одвојат од толпата.
Розева боја избираат храбри жени
Јаките розеви тонови се избор на енергичните и храбрите девојки, додека нежните ги бираат суптилните и женствените.
Светкави и металик лакови оддаваат дива природа
Златни, сребрени и металик лакови се избор на жени кои сакаат да изгледаат крајно привлечни. Тие сакаат да се чувствуваат како кралица која целосно потврдува дека “дијамантите се најдобар пријател на жената”, бидејќи тие ги обожуваат светликавите, скапи накити и редовно си имаат повеќе од едно парче. Футуристичките хром лакови во две нијанси се заеднички избор на визионерски души кои ги обожаваат сите достигнувања на модерната технологија. Златната, како и ладната боја на челик, ја бираат неконвенционалните жени.
За разлика од метал бојата на лак, светликавите тонови откриваат жива и малку дива природа.
Мистериозните девојки носат црн лак
Ако претежно одбирате црн лак – смели сте, храбри, но исто така и многу мистериозни. Во вас лежи и малку злобна страна на карактерот. Не признавате норми ниту традиционални правила.
Исклучително темни нијанси на сива боја се многу неутрални. Имаат исто значење како и црната, која е дефинитивно најсилна и најстабилна боја, но и многу софистицирана. Тие имаат значајно место во светот на високата мода, вклучувајќи го и маникирот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Бојата на лакот на ноктите не е само одраз на личен стил, таа исто така зборува и за вашиот карактер и темпера

Пронајдете не на следниве мрежи: