Сензуални или префинети: Месецот на раѓање открива какви сте во сексот

Јули

Сексот со родените во месец јули има длабока емотивна компонента. Предуслов е да се чувствуваат безбедно крај вас, а кога тоа ќе се случи, ќе направат се` за да го задоволат партнерот. Сакаат да ги негуваат и исполнуваат потребите на лицата што ги сакаат.

Август

Родените во осмиот месец од годината се многу великодушни или крајно себични. Партнерот мора да има сè што бараат или ќе веднаш ќе го остават и ќе најдат друг. Воопшто не сакаат кога некој им диктира што да прават во креветот и имаат прилично кршливо его.

Септември

Родените во септември се страствени души, но секогаш ги контролираат своите емоции. Кога станува збор за сексот, потребно им е многу време за да почнат да уживаат. Од друга страна, штом се опуштат и надојдат емоциите, тие се подготвени на се`.

Октомври

Овие личности го сфаќаат сексот како сликање на романтично уметничко дело. Тие веднаш ќе ви кажат како нештата ќе се одвиваат и како ќе се чувствувате. Потоа ќе се потрудат нештата да се одвиваат бавно за целокупното искуство да може да трае колку што е можно подолго. За нив, исклучително голем дел од сексуалната игра претставува и самиот чин на додворување. Можеби понекогаш им недостига страст, но тоа го надополнуваат со романтични гестови, кои обично водат до совршен секс.

Ноември

Родените во овој месец се љубители на страстниот секс. Тие сакаат да го поседуваат партнерот, но сакаат и партнерот да ги поседува нив. Ќе пробаат се`, иако често од единствена причина за да можат да речат дека тоа го пробале.

Дeкември

Колку што се големи креативци во животот, толку се и во сексот. Сакаат се` да е проткаено со приказна, а тие да играат разни улоги. Некогаш се многу тешко за да можете емотивно да се поврзете со нив, но кога е во прашање сексот, со нив секогаш е забавен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.