Сериозна болест: Со новите фотографии Ким повторно ги загрижи сите

Иако многумина ја нападнале дека има бубулици и несовршена кожа, Ким Кардашијан одговори на тоа дека нејзиниот здравствен проблем е многу сериозен и дека таа страда од псоријаза.
Нејзината состојба со текот на времето се влошила, па овој пат била фотографирана во Лос Анџелес со својата сестра Кортни во спортска модна комбинација во која не можела да ја сокрие нејзината кожа од објективите на папараците.


Псоријазата е состојба во која клетките на кожата произведуваат црвени пликови кои чешаат. Најчесто се појавуваат како црвени точки кои чешаат и можат да се појават насекаде по телото. Голем број на луѓе страдаат од оваа состојба, шминката не може да ја покрие, а лекувањето може да биде долготрајно и скапо.
Старлетата неодамна сподели информација дека започнува со нивно лекување во 2018 година кога повеќе не можела да се бори со тоа што нејзината кожа станува сè полоша и полоша.
Многумина тогаш ѝ испратиле зборови на поддршка и ѝ се заблагодариле што имала храброст да зборува јавно за тоа и на тој начин да им помогне на сите оние кои се борат со овој проблем да изградат самодоверба и да имаат сила да се борат против болеста. Старлетата оттогаш неколку пати објавувала фотографии на својот Инстаграм проифил со кои опишува низ каков пекол поминува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.