500 г брашно
250-300мл вода
100 мл масло
1/2 свеж квасец
1 лажица шеќер
1/2 лажичка сол
150 г путер
3 јајца
300 г сирење
50 г сусам
Во длабок сад го ставаме брашното. Во средината правиме длабнатина, и ги ставаме изронетиот квасец, шеќерот, солта и 1 филџан млака вода. Одкако ќе забележите дека квасецот дупло го зголемил својот волумен додаваме масло и со преостанатата млака вода замесуваме средно меко тесто. Тестото го оставаме да стаса покриено околу еден час. Го делиме на три еднакви топки кои повторно ги оставаме да одстојат десетина минути.
Од првата топка тесто со сукалка развлекуваме кора со големина на работната маса и ја премачкуваме со растопен путер. На средината на кората ставете од филот од сирење и јајца. Расечете ја кората и почнете да преклопувате на средина. Вака приготвената диплена кора ја тргаме на страна и ја расукуваме втората кора, ја премачкуваме филуваме, расекуваме и на средина ја ставаме предходната кора и повторно преклопуваме. Истата постапка ја повторуваме и со последната кора и на крајот целото тесто полека со сукалка го расукуваме со големина на тавче бр34.
Питата ја премачкуваме со растопен путер и наросуваме со сусам. Печеме 30 минути на 200 степени, намалуваме на 180 степени и печеме уште 15-тина минути.
Ја вадиме питата од рерна, пропрскуваме со еден филџан вода и покриваме со крпа да се излади. Сечеме на коцки.