Деновиве на мошне чуден начин беше изберена, по воља на Мицковски, некогашната министерка на Бранко Црвенковски, Гордана Сиљановска Давкова, на настан од затворен тип во Струга.
По ова уследија лавина реакции помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Некои велат со право, затоа што членството на таа партија беше под константен притисок минатите години токму од невладините финансирани претежно од СОРОС. Реакциите доаѓаат затоа што се знае дека изборот на Мицковски е токму член на бордот на таа организација.
Со потреба да го проверат рејтингот на Сиљановска страниците на Фејсбук направија анкети. Но на акнетите убедливо води д-р Филип Петровски. Ова индицира дека поширокото членство не се сложува со наметнувањето на Гордана Гога за претседателски кандидат. И по катастрофалните резултати, последното беше од околу 3200 гласани, само 700 за Силјановска. Остатокот оклу 2500 за Петровски. Или отприлика 3 на 1. Очигледно ова не се бројки што ги бараат и затоа анкетата беше експресно избришана. Но, читатели нам ни пратија скрин што од таа анкета, таа страница и ќе го објавиме. Ова не е прва анкета која досега беше избришана. Претходно пишувавме исто така за ИЗБРИШАНИ АНКЕТИ ПО НАЛОГ НА ПОЛИТКОМЕСАРИТЕ…
Исто така решивме и ние да го провериме рејтингот на овие двајца претенденти. Анкетата во прилог и на неа може да гласа секој.
Гласајте по сопствено убедување.
Повеќе за проф. Силјановска ТУКА
Повеќе за ставовите на д-р Филип Петровски ТУКА
Сајтот на д-р Филип Петровски ТУКА
Биографија на д-р Филип Петровски ТУКА