четврток, 12 ноември 2026
Најново

СЕ ВРАТИ ЗИМАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Вистинска зимска идила и снег до два метра во моментов на Попова Шапка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Зимата повторно се врати во Македонија.
По пролетните температури низ целата држава, од вчера во Македонија нагло паднаа температурите, а на планините започна интензивно да паѓа снег.
Денеска на Попова Шапка глетката е повеќе од совршена, а снегот кој интензивно врне според кажувањата за КУРИР од тамошните планинари и скијачи изнесува до метро и половина, додека на наносите дури и до два метра.


Фотографиите се направени во близина на планинарскиот дом „Трансверзалец“ на Попова Шапка, а во вистинската снежна идила уверете се самите.

Поврзани вести