четврток, 12 ноември 2026
Најново

Се врати зимата-минимални температури од – 15 степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поради многу брзото спуштање на поларната воздушна маса од Русија ова утро имавме температури пониски дури за околу 15 степени за разли од оние кои ги имавме до вчера. Најстудено ова утро беше во Маврово каде беа измерени -12 степени, а во Лазарополе -10 степени. Во Скопје температурата се спушти до -4 степени.
До крајот на денов ќе има послаби врнежи од снег на повеќе места, и тоа особено на запад, југозапад и југ каде снежната покривка на повисоките и на планинските места ќе се зголемува, а на ниските ќе дојде до формирање на потенка снежна покривка. Ќе продолжи да дува засилен до силен ветер од северен и од североисточен правец кој на некои места на моменти ќе достигнува брзина до околу 100 км/час. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 4 степени во најтоплите делови од државава.
До утре наутро врнежите насекаде ќе престанат и ќе започне намалување на облачноста.  Утрешното утро, исто така, ќе биде ПОЛАРНО со температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -3 степени додека на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат и под -15 степени. Многу студено утро со слични температури ќе имаме и во понеделник, сепак од утре па во текот на следните денови следува период на постабилно и посуво време.
Подготви: Славчо Попоски

Поврзани вести