четврток, 12 ноември 2026
Најново

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.

Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази. Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.

Поврзани вести