„СЕ ДРОГИРАВ СО СОПСТВЕНИОТ ТАТКО! Актерката со години била зависна од хероин, а потоа го запрепастила светот со својата исповед

Џејми Ли Кертис отворено зборуваше за нејзината борба со зависноста.Актерката Џејми Ли Кертис стекна светска популарност со својот актерски талент и значајните улоги кои ги играше во бројни познати продукции.Меѓутоа, нејзиниот приватен живот кој го одбележаа бројни подеми и падови и контроверзни приказни, во неколку наврати се најде во фокусот на медиумите. Познатата актерка долги години била зависна од лекови против болки, од кои станала зависна по неуспешна естетска интервенција.На крајот на краиштата, актерката се навраќаше на овој период и прокоментира дека за неа било страшно искуство да оди на естетска операција за отстранување на темните кругови. По интервенцијата, пред се поради болки, а подоцна и од навика почнала да зема опијати, но и премногу алкохол.„Бев зависник во два наврати – првиот пат од болка, вториот од срам затоа што бев зависник “, признала актерката еднаш, а пренесуваат странските медиуми.И семејството на популарната актерка се соочи со огромни проблеми кога се во прашање зависностите. Нејзиниот татко користел и дрога. Покрај тоа, Џејми доживеала огромна трагедија кога нејзиниот брат починал на 23-годишна возраст од предозирање со хероин.“Знаев дека татко ми има проблеми, а имав и јас, па си делевме дрога. Имаше време кога јас бев единственото дете кое сакаше да разговара со него. Имав шест браќа и сестри, сега имам пет – брат ми Николас умре од предозирање со хероин кога имаше само 23 години “, изјави еднаш Ли Кертис.Додека се борела со зависноста, таа криела дрога од сестрата и братот кои ги контролирале. Иако поминала низ тешко животно искуство и голема лекција кога нејзиниот брат починал, тоа не и ги променило навиките. Меѓутоа, години подоцна сфатила дека е деструктивна за семејството и дека се уништува себеси, па решила да се лекува за проблемот со зависноста.Како што еднаш раскажала актерката, она што и помогнало да излезе и што ја потресе е забелешката на нејзината осумгодишна ќерка дека мајкаи никогаш не била тука за неа.

Пронајдете не на следниве мрежи: