Се запали ресторан во Ново Лисиче

Доцна вечерва се запалила кровната конструкција на ресторанот Калај во Ново Лисиче. За среќа навреме биле евакуирани сите гости во ресторанот и нема ниту еден повреден.

На терен реагирала противпожарната бригада на Скопје со неколку возила која на време го локализирала пожарот и спречила негово понатамошно ширење.

Во моментов не се познати причините за избувнување на пожарот.

Пронајдете не на следниве мрежи: