Се моли младината да престане да се занесува на “Јужни ветар“ и други крими филмови

“Јужни ветар“ супер филмче, сега и втор дел излага, бидете спремни …
Периодов во Македонија се повеќе сме дел од едно крими влијание дали се тоа филмови, музика посебно српска или самото опкружување навистина е одвратно посебно за генарациите што доаѓаат.(Ако се пронајде продолжи да читаш и онака ништо нема да ти смени текстов). Ама, еве нема да бидам дедо ми и да ви се објаснувам дека “дрогата е лоша“ или не знам што да ви лекторирам дека некои работи се навистина лоши и дека не треба секогаш со криминална глава да ги решавате работите иако сте во такво опкружување, погрешно е и од страна наликувате на глуп човек.
Децата го живеат својот сон “Јужни ветар“ или не знам “Ране“… Точно сите сакаат на нивната 18-та година да имаат сами пари во џебот, да прават ткн “комбинации“ зошто тоа е сега во мода да дилаш и да бидеш фаца во градот зошто девојките кои консумираат може полесно да ги легнеш за некоја роба од Х вредност. Ништо ново, ова е тренд кој се развива со години само што никој не напишал за ова, а може и има некаде по Интерентот. Да се вратиме на “Ране“ и “Јужни ветар“ зошто баш нив?
Не ги хејтам супер филмови се, но носат емоција, кога имате емоција имате проблем со контрола на истата, импулсивно дејствувате. Моделирањето на криминална фаца е исто кај сите зошто никој не е свој, копира многу добар шаблон. Точно ова што го презентираат низ филмовите секс, дрога, пари – и рокенрол, некоја заскитана песна по грешка пуштена. Или репликите од филмовите “Мало е и мој“, или “Шта је бе мишеви“, дај бе луѓе … После не се чудете зошто имаме луѓе како “Јас не сакам да сечкам салата“.
Дечки не летајте во облаци, реалноста е гадна. Нема да ви се допаѓа поради неколку добри примери, не значи дека истото и вас ќе ви се случи. Некои ќе ве излажат дека живеат подобро, односно сите ќе го направат тоа. Не го апсат тој првпат што ќе направи дело, туку тој што ќе го повтори истото. Прашајте се колку чекори вие повторувате од некого. Другиот пат кога ќе го гледате било кој крими филм не мора да влегувате во него или пак да режирате вие. Живејте по границите на човекот, едно скалило над тоа не ве прави луѓе, а уште помалку човек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.