СЕ МОЛЧИ ЗА ОВА! Лепа Брена и Боба почнуваат нов бизнис, ќе заработат многу пари!

Пејачката Лепа Брена и Саша Поповиќ неодамна го продадоа својот удел во продукцијата „Гранд“ и заработија по 15 милиони евра.
Саша Поповиќ веќе откри дека парите ги вложил во недвижен имот, додека Лепа Брена призна дека планира нов бизнис, но се уште не откри за што се работи.
Сега е откриено дека Брена планира да изгради ски-центар и хотел на Требевиќ над Сараево, пренесува „Klix.ba“. Таа кон крајот на јануари треба да дојде со сопругот Слободан Боба Живојиновиќ и да се договори конечно со надлежните во општина Источен Стари Град, со оглед на тоа што овој инфраструктурен проект е планиран на поширокото подрачје на Брус.
Според медиумите во Босна и Херцеговина, скијачката патека треба да се протега од репетитор до Брус, а до неа ќе се гради хотел.
Ски-центарот треба да има две патеки долги 700 метри со еден ски-лифт, а инфраструктурниот проект е планиран во рамките на паркот на природата Требевиќ.
Во проектната документација беше наведено дека Сараево ќе биде еден од ретките, ако не и единствени главни градови кои ќе имаат скијачка патека со поглед на градот. Според идејниот проект, предвидена е изградба на скијачка патека и ски-лифт (двосед) и обезбедување на систем за вештачки снег. Во оваа насока, планот за одржување и управување со ски-системот и придружните угостителски објекти покрај скијачките патеки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.