Се намалува бројот на основни училишта, затворени 15 училишта

 За една година бројот на основни училишта во Македонија се намалил за 15, а на наставниците се зголемил за 283. Според податоците на Државната агенција за статистика, во рок од една година биле затворени вкупно 14 редовни основни училишта, со што се намалил вкупниот број од 976 на 962. Според истите извори, затворено е и специјално основно училиште.Во исто време, бројот на паралели во една година бележи благо намалување, од 11.057 на 10.997, додека бројот на ученици е намален од 184.910 на 182.245. Сепак, се проценува дека бројот на наставници во основното образование е зголемен, од 19.326 на 19.609.Додека во средното образование во истиот период бројот на ученици е намален за 2.700, а на паралелки за 49. Овој тренд покажува промени во структурата на образованието во Македонија, со јасен фокус на регулација и оптимизација на училишната мрежа во земјава.

Пронајдете не на следниве мрежи: