Вчера околу 17.00 часот на железничкиот премин на регионалниот пат село Миравци-село Давидово, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода 40-годишниот П.Р. од Скопје затоа што во возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти од Сирија, извести МВР.
– Имено, претходно, на клучка Гевгелија на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање, но возилото продолжило со движење и се исклучило на регионалниот пат с.Миравци-с.Давидово, каде што удрило во столб, по што застанало. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а возачот П.Р. бил фатен и лишен од слобода, соопшти МВР.
- Шасивари: Силна соработка со Косово за унапредено и поефикасно правосудство
- Колку чекори ви се потребни на ден за да ослабете?
- СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не се шират шпекулации и паника за Поштенска штедилница, институциите да ги заштитат граѓаните
- Три хороскопски знаци очекуваат добри вести до крајот на ноември
- Google им плаќа на вработените сами да си одат: Нуди отпремнина во уште пет земји, поштедени се тимовите со вештачка интелигенција
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против П.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пронајдете не на следниве мрежи:



