четврток, 12 ноември 2026
Најново

Се огласи братот на мајката која си го одзеде животот заедно со нејзиното дете: Со години биле жртви на семејно насилство, а имало и обид за убиство среде државна институција!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство

Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем … После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!

Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!

Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам.

Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем!

Поврзани вести