Обвинителството на Македонија соопшти за тешка сообраќајна несреќа кај Куманово, во која учествувал и Ѓорѓе Давид и во која едно лице загина, а неколку се повредени.
Според првите информации, прво се судриле два автомобила, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистерски таблички. Како што се истакнува во соопштението до судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивен правец.
- Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилствоСтрушката полиција приведе две лица од Струга по претходни пријави- прочитај повеќе
- Мемеди: Зголемен бројот на деца со респираторни инфекции на Детската клиникаДиректорот на Детската клиника Реџеп Мемеди информира дека во нивната- прочитај повеќе
- Анѓушев: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производствотоВо новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската- прочитај повеќе
- Фокус на културниот туризам, развој на креативните индустрии и одлуката за снимање филм за Тоше оставија белег на културната сценаСпојување на културата со туризмот и мапирање на креативните индустрии,- прочитај повеќе
- Новиот Кривичен законик чека мислење од ЕК, се работи и на неколку други законски решенијаНовиот Кривичен законик е завршен и чека мислење од Европската- прочитај повеќе
„По тој првичен судир од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановски регистрации и во тој момент на неа налетал автомобил „опел“ со српски регистарски таблички. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала”, се вели во соопштението на обвинителството.
Издадена е наредба за обдукција на жртвата, но и за преглед на примероци од крв и урина на останатите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди.
,,Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа“, се додава во соопштението.
Да потсетиме, несреќата се случила синоќа околу 20 часот на патот Куманово-Табановце, а во несреќата загинала Љ. Т.(49).
Полицијата претходно соопшти дека „полото“ го управувал Б.Т.(24) од Куманово, додека „голфот“ го управувал В.П.(45). Зад воланот на ,,Oпел инсигнија” бил Ѓорѓе Давид.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.