Тања Савиќ пред неколку дена го објави својот долгоочекуван нов албум.Сепак, спотот за песната „Татко на моите солзи“ во кој танчерка е облечена како калуѓерка шокираше многу свештеници и монаштво, но и верници на СПЦ. Посебно непријатно се изненадени што пејачката, која во јавноста се претставува како христијанка и верничка, се решила на овој чекор.Видеото од лажната напалена калуѓерка која се врти како стриптизета низ песната ги згрози сите, па многумина го пријавија видеото за оваа песна на Јутјуб, поради што се очекува да биде симната од оваа музичка платформа.Во оваа прилика се огласи отец Јован од манастирот на светите апостоли Петар и Павле, за да го искаже ставот на нашата црква по ова прашање.– Сега тоа што ми го испрати и што само го погледнав е скандал. Монахињите се наши сестри во Христа кои својот живот му го посветиле на Бога и постојано постат и се молат. Оваа пејачка ги сквернави јавно и тоа е голем грев. Итно и’ треба покајание. Дека Тања, колку што успеав да забележам, во јавноста се претставува како верник кој оди по манастири и прави вакви работи. Тоа го прават лажните верници. Срамота! Залудно оди во Маглите, ако тоа е нешто што и’ е во срцето. Нашите сестри калуѓерки беа многу потресени од ова видео, но и многу верници. Ги повикувам сите масовно да го пријават ова за да може што поскоро да се избрише од Јутјуб, за луѓето повеќе да не се доведуваат во заблуда. Јас апелирам до неа: Сестро Тања, вратете се на вистинскиот пат и сами избришете го овој срам – рекол шокираниот монах.За грешка е свесна и самата Тања, која само ден претходно за медиумите изјави дека знаела дека одредени калуѓерки се навредени од сцените од нејзиниот нов спот.– Ги читам коментарите, јас сум некој што сака да ги следи желбите на мојата публика и го почитувам нивното мислење. Објективна сум, не гледам само од моја гледна точка. Негативни коментари имаше и за песната „Чесни сестри“ („Татко на моите солзи“). Режисерот имал една желба девојката што ја глумела калуѓерка да биде послободно облечена и вистинските калуѓерки се навредиле. Многу ми е жал, мислам дека ќе ни ја симнат песната поради тоа. Ги почитувам нашите монаси, светилишта, нашата црква – рече Тања.Инаку, таа беше редовен посетител на манастирот Тумане кај Голубац, па неколку пати месечно го посетуваше ова големо српско светилиште.Пејачката често објавува фотографии и видеа на социјалните мрежи на кои може да се види како ужива со семејството во овој манастир. Се верува дека молитвите на монасите во Тумани им помагаат на луѓето кои боледуваат од злобни болести, а на жените кои имаат проблеми со зачнувањето им помагаат да станат мајки.
Пронајдете не на следниве мрежи: