Се отвораат продавниците во Грција

Под посебни правила и прописи, со задолжителн испратена смс порака и со ограничено време за шопинг на граѓаните, по пауза од два месеци, продавниците во Грција одново се отвораат.
Сепак, отворањето нема да биде целосно и на начин на кој малопродажбата функционираше по нормални услови, бидејќи ќе работат само со услугите „click away“ и „click in shop“, односно подигнување на претходно направена нарачка или посета на продавница по закажан термин.
Граѓаните за шопинг ќе имаат на располагање најмногу три часа, еднаш дневно, откако претходно ќе испратат смс порака на специјален број со име и презиме и ќе добијат повратен одговор со дозвола за посета на продавница.
Продавниците ќе работат според протоколи, односно едно лице на 25 метри квадратни, а трговските центри и моловите ќе останат затворени.
Иако беше најавено дека продавниците ќе се отворат во цела Грција, сепак поради лошата епидемиолошка слика, во саботата од Секретаријатот за цивилна заштита соопштија дека малопродажбата во регионалните единици Солун, Ахаиа и Козани нема да отвори.
Во изминатите денови, сопствениците интензивно се подготвуваа за повторното отворање, но не се подготвени повторно да затворат.
Малопродажбата во Грција, во изминатите пет месеци, по воведувањето на карантинот на 7 ноември 2020 година помина низ фази на отворање и повторно затворање, со посебни правила за различни делови на земјата, со оглед на тоа дека беше поделена во зони согласно епидемиолошката слика и важеа различни правила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.