Се плашат од протести: Пратениците здружено и во итна постапка забрануваат секакви собири пред Собранието

Во Собранието е предложен закон со кој ќе се прогласи просторот околу законодавниот дом за безбедносна зона. Како автор на предлогот, кој се разгледува во скратена постапка, е потпишан лично претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со колегата од „Вреди“, Беким Ќоку. Покрај нив двајца, овој предлог е поддржан и од претставници на сите други пратенички групи: Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски.

Овој предлог, судејќи според дел од содржината на законот, е одговор на случајот со катната гаража која требаше да се гради во дворот на Собранието, откако приватен инвеститор го купил државното земјиште на наддавање и добил маркичка за изградба на објектот во 2014 година. Во предлог-законот се предвидува укинување на сите дозволи за градба во зоната кои се одобрени пред неговото стапување во сила, како и раскинување на постоечките договори за земјиште во просторот што ќе биде прогласен за безбедносна зона.

Но, заедно со ова, предложениот закон, кој веќе е во фаза на второ читање, предвидува сериозни ограничувања на движењето и собирањето околу зградата на Собранието, вклучувајќи и забрана за протести, јавни собири и летови со дронови, како и градежни активности и поставување инфраструктура во дефинираниот безбедносен простор.Во членот 8 од предлог-законот, конкретно се забрануваат:Градежни активности;Поставување на линиска и инсталациона инфраструктура;Одржување на јавни собири, протести или манифестации;Летање со дронови и други беспилотни летала над Собранието и безбедносната зона.

Пронајдете не на следниве мрежи: